Француските власти одлучија да забранат внесување на палестински знамиња на мечот против Израел од Лигата на нации, кој на програмата е во четврток. Оваа информација ја сподели шефот на полицијата на Париз, а причините се и повеќе од јасни.
Натпреварот помеѓу Франција и Израел предизвикува големо внимание во француските медиуми, пред се поради барањето на одредени политичари за откажување на мечот поради судирите на израелците и палестинците.
Полициските власти во Париз најавуваат и забрана за внесување на транспаренти со политичка содржина и најавуваат строги контроли на влезовите. Дозволено ќе биде внесување само на француски и израелски знамиња.