Вниманието на балканската спортска јавност го привлече однесувањето на косовскиот теквондо тренер, кој на првенството во Тирана со шлаканица ја удри осумгодишната Валина Фетиу по поразот во финалето од српската натпреварувачка, Нина Савиќ.
Тој се огласи преку косовските медиуми, каде што вели дека тој ѝ е татко на девојчето, а ја удрил да се врати при себе.
„Валина е моја ќерка и никој не ја сака повеќе од мене. Во моментите кога девојчето беше дезориентирано и луто бидејќи загуби од српската натпреварувачка, лежеше на земја неспособна да го прифати поразот. Едноставно, сакав да ја смирам и да ѝ ставам до знаење дека и покрај поразот, таа е вицешампионка и ќе има и други шанси за победа. Медиумите на Косово наседнаа на српската пропаганда и се обидоа да му дадат друга смисла на моментот. Повторувам, јас сум нејзин татко. Мојата сопруга, мајката на Валина, беше таму, неколку метри од нас. Ниту еден Србин и Бошњак не ја сака мојата ќерка повеќе од нејзините родители. Со Валина работам 12 месеци за ова натпреварување и ќе работам целиот мој живот“, вели Ваљмир Фетиу.
— Pluton (@Pluton45873221) November 10, 2024