Нова АТП ранг-листа: Најслаб пласман за Ѓоковиќ во последните седум години

Новак Ѓоковиќ на најновото АТП рангирање првпат по 2017 година не е помеѓу најдобрите петмина тенисери во светот. Србинот оваа седмица изгуби 1.300 поени и падна на шестата позиција со 3.910 поени, односно 6.500 помалку од лидерот Јаник Синер од Италија.

Вакво нешто на Ѓоковиќ му се случува вторпат од 2016 до денес, да испадне од топ-5 на ранг-листата. Италијанецот останува лидер со 10.330 поени, пред Александер Зверев со 7.315 поени. Карлос Алкарас е трет со 6.810 поени, а пред Ѓоковиќ се и Медведев (4.830) и Фриц (4.300).

Од седмата до десеттата позиција се Руд (3.885), Рубљов (6.760), Де Минор (3.745) и Димитров (3.350). Сринот до крајот на годината може да падне дури и на деветтото место, зависно од резултатите на останатите тенисери.

- Оглас -

Најнови вести