Зрињски и ГОШК по традиција играат 4+, Холон е во серија од 10 натпревари без пораз (Фото)

3191 Зрињски – ГОШК Габела (16:00)

Дуелот на лидерот на табелата и претпоследниот во првенството на Босна и Херцеговина се очекува да биде ефикасен не само поради пласманот туку и поради традицијата во меѓусебните дуели, но и формата во којашто се наоѓаат екипите. Зрињски ги доби последните четири меча против ГОШК Габела на двапати со 4-1 и по еднаш со 5-1 и 3-1, а гостите на последниот лигашки меч загубија со 3-1 од Радник, па она што се очекува попладнево во Мостар се головите.

Предлог тип: 1-3I & 4+ (2.09)

 

3723 Борац Бања Лука – Игман (18:00)

Актуелниот шампион на Босна и Херцеговина и екипа за која настапуваат нашите Бобан Николов и Дамјан Шишковски веќе има заостанување зад Зрињски и Сараево, но тоа се должи и на европските обврски и одложените натпревари. Борац Бања Лука нема избор и ќе мора да атакува на победата против Игман, екипа која ја победија на последните пет натпревари.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.21)

 

3642 Монтана – Беласица (16:30)

Натпреварот од втората бугарска лига помеѓу Монтана и Беласица е своевидно дерби со оглед на пласманот на екипите. Од двете екипи се очекува цврст фудбал, но и голови во двете полувремиња. И Монтана и Беласица немаат што да бранат и ќе мора да тргнат по бодовите ако сакаат да останат во конкуренција за пласман во повисок ранг, но и да држат чекор со конкурентите.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.15)

 

1075 Хемел – Вестон (20:45)

Она што може да се очекува од мечот од англиската Национална дивизија – Југ помеѓу Хемел и Вестон секако дека се головите. Домашните се екипа на чии натпревари оваа сезона се постигнати најголем број голови, дури 55 на 17 меча, додека гостите се на првото место на табелата, кое го делат уште со две екипи, па ефикасната игра нема да изостане.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.83)

 

1949 Холон Јермијаху – Хапоел Бнеи-Мусмус (18:45)

Екипите на Холон и Хапоел никогаш претходно немаат одиграно меѓусебен натпревар, а вечерва ќе имаат таква можност во државниот куп на Израел. Домашниот состав е фаворит и од нив се очекува победа. Холон е во серија од 10 натпревари без пораз, на кои имаат три победи и дури седум нерешени средби.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.79)

- Оглас -

Најнови вести