Според квотите, домаќините и гостите ќе „поделат“ по четири победи

Вкупно осум меча се играат ноќеска во НБА-лигата, а во понудата има неколку „сигурици“. Актуелниот првак Бостон селтик е домаќин на Атланта и е апсолутен фаворит за победа. Домашниот терен треба да го искористи и Орландо против Шарлот. Магичните имаат пет победи во последните шест средби со овој ривал.

Дербито треба да биде меѓу Голден стејт и Далас. Воините добро ја започнаа сезоната и имаат осум победи и два порази, додека Далас е со биланс од пет победи и исто толку порази. Далас има четири победи во последните пет дуели против Голден стејт, но формата и домашниот терен се на страната на тимот кој е предводен од Стеф Кари.

Одлична е и „плус-минус“ понудата за бројот на поени на кошаркарите. Над 60 играчи кои ноќеска треба да бидат на НБА-терените се дел од понудата. Двоецот на Далас, Лука Дончиќ и Карји Ирвинг, треба да бидат расположени за поени. Дончиќ е на границата од 28,5, а Ирвинг на 25,5 поени. Иста е границата и за двете ѕвезди на Бостон. Татум е на 28,5 поени, а Браун на 25,5 поени.

Џорџ Пол од Филаделфија е на граница од 18,5 поени, Џоел Ембид на 25,5 поени, Стеф Кари на 24,5, Јусуф Нуркиќ на 11,5 поени…

- Оглас -

Најнови вести