Екипата на Олимпик Марсеј во петокот изненадувачки загуби од Оксер на домашен терен со 1-3, а тренерот Роберто де Ѕерби, буквално збеснал по натпреварот. Тој беше вистинска сензација додека го водеше Брајтон, а иако се очекуваше да преземе голема екипа, сепак се одлучи да направи трансфер во Марсеј.
Де Ѕерби на фудбалерите им ја покажувал понудата која ја имал од Манчестер јунајтед, но со замаглена сума, и им се обратил: „Можев да бидам овде (н. з. во Манчестер), ама ја ставив страста пред парите. Дојдов во Марсеј поради страст“.
Италијанскиот тренер на клупата на Марсеј има ефект од шест победи, две нерешени и три порази, што е доволно за трето место на табелата во француското првенство.