Проблеми за Англија: Осуммина фудбалери го откажаа настапот поради повреда

Репрезентацијата на Англија ќе одигра уште два натпревари во Лигата на нации, а тие ќе бидат последни под водство на Ли Карсли, кој беше назначен за привремен селектор, а од први јануари функцијата ја презема Томас Тухел.

Завршните натпревари од Лигата на нации ќе ги пропуштат дури осуммина фудбалери, кои го откажаа настапот поради повреди. Против Грција на гости и Ирска дома нема да настапат Деклан Рајс, Букајо Сака, Фил Фоден, Џек Грилиш, Кол Палмер, Леви Колвил, Трент Александер-Арнолд и Арон Рамсдејл.

Јавноста во Англија се сомнева дека воопшто се работи за повреди, а сомнежите се дека на фудбалерите не им се игра во дивизијата Б од Лигата на нации.

На нивно место повикани се Морган Роџерс, Џарад Брентвајт, Тино Ливраменто и Џејмс Трафорд.

- Оглас -

Најнови вести