Sвездата на Манчестер сити, Родри, ја освои Златната топка на „Франс фудбал“ и УЕФА пред Винисиус, но Шпанецот во првото големо интервју по освојувањето на најпрестижната награда вели дека фудбалерот на Реал Мадрид не му се јавил да му честита.
„Винисиус не ми се јави, но не можам да речам дека ми е жал. Мене ми се важни моите луѓе, семејството и клубот. Никогаш не би го направил тоа што го направи Реал со бојкотот, но нема ни смисла за тоа да зборуваме. Не ме повреди тоа, ја почитувам нивната одлука, но велам јас би направил поинаку“, вели Родри.
Шпанецот доби прашање за кого би гласал освен за себе, односно кој би бил на второто место.
„Би гласал за Дани Карвахал на второто место, а дури потоа за Винисиус“, додава Родри.