Леброн Џејмс вложува 1,5 милиони долари за да „не старее“

Леброн Џејмс на 30 декември ќе наполи 40 години, а иако тоа се години во кои најголем дел од професионалните играчи се пензионирани, тој нема намера да се откаже. Леброн летово дури и немаше одмор затоа што беше дел од репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Париз, каде што беше еден од клучните играчи во освојувањето на златниот медал.

По завршување на Игрите, Леброн се посвети на клупските обврски во Лос Анџелес лејкерс, а сезонава во првите 10-тина меча покажува дека уште е важна алка во екипата. Просекот на Леброн сезонава е 23,2 поени, 8,9 асистенции и 7,7 скока по меч.

Многумина се прашуваат како овој кошаркар успева да биде во топ форма и на 40 години, а одговорот е во „инвестицијата“ која Леброн ја прави во неговото тело и здравје. Годишно Леброн троши 1,5 милиони долари, со кои успева да направи „да не старее“, во исто темпо како што тоа го прават неговите врсници.

Прва и најважна работа е исхраната. За неговата исхрана се грижи тим на нутриционисти. Избегнува внесување шеќери, газирани пијалаци и пржена храна.

На второ место е подготовката. Тој има посебна рутина на вежби кои ги прави за да остане во форма. Многу важен детаљ е истегнувањето и загревањето на мускулите. Кога работи со тегови, вежбите ги прави со тегови кои имаат помала килажа.

Трет битен детаљ е закрепнувањето. Леброн користи ултраморедни начини за закрепнување по натпреварите. Се работи за криотерапија, хипербарични комори, но и терапии кои користат светлина за навреме да се обнови телото. Покрај тоа, тој спие помеѓу 10 и 12 часа во текот на ноќта, а покрај тоа, често дреме во текот на денот пред натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести