Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас издржал само пет минути на денешниот тренинг. Алкарас се појавил на теренот во Торино за да го одржи тренингот, но само по пет минути се соочил со здравствени проболеми и тренингот бил прекинат.
Шпанецот веднаш седнал на клупата, а околу него се собрал целиот негов тим. Тенисерот се пожалил на проблеми со дишењето, а имал и болки во градите.
‼️ Carlos Alcaraz stops his practice in Turin just after 10 minutes in
His coach: “As soon as he moves a little, he has trouble breathing. His chest is a little tight. A bad time to get sick. We must not anticipate whether he will play or not tomorrow. We have all played in… pic.twitter.com/DaR77CNLcM
— Tennis Masterr (@tennismasterr) November 12, 2024
Алкарас се поздравил со својот спаринг-партнер Мартин и со наведната глава си заминал. Тренерот на Алкарас, Хуан Карлос Фереро, објаснил што се случило и која е причината за прекинатиот тренинг.
„Се пожали дека тешко дише и дека го стегаат градите. Мислам дека нема да биде толку сериозно за утре да не може да настапи“, рече Фереро, кој додаде дека Карлос во последните четири дена бил болен и користел антибиотик.
На завршниот турнир во Торино, Алкарас загуби во првото коло од Каспер Руд со 1:6, 5:7, а утре го чека дуел против Андреј Рублев.
🚨🎾 Alcaraz suspende el entrenamiento antes de empezar
😬 El murciano se sintió indispuesto por el catarro pic.twitter.com/TsER0DkeWz
— MARCA (@marca) November 12, 2024