Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, станал тивок херој на еден авионски лет во Англија.
Започна репрезентативната пауза и играчите кои се повикани во своите национални селекции главно вчера пристигнаа на собирите.
Очекувано, повик во репрезентацијата на Португалија доби и капитенот на Манчестер јунајтед, играчот од средниот ред, Бруно Фернандеш.
На пат до собирот на репрезентацијата, поточно на летот од Манчестер до Лондон, Фернандеш бил сведок, но и херој на една непријатна ситуација.
За време на летот, еден патник се почувствувал лошо и ја загубил свеста. Фернандеш реагирал прибрано и прв укажал итна помош.
Во разговор за „Дели мејл“, еден од сведоците го раскажа настанот.
„Бруно Фернандеш отиде до задниот дел на авионот и одеднаш се слушна повик за помош. Стјуардесите брзо притрчаа, а Бруно му помогна на господинот да седне на празното седиште. Остана со него за да биде сигурен дека сè е во ред. Поминаа околу 5-10 минути и кога се врати, беше многу спокоен, без да бара внимание. Кога љубезно го замолив да направиме селфи на патот надолу, беше многу пријатен и дури самиот ја направи фотографијата. Го пофалив за грижата за патникот. Искрено, ако не знаевте кој е, ќе помислевте дека станува збор за обичен патник“, изјави сведокот од авионскиот лет Манчестер – Лондон.