Одбојкарките на Работнички со уште еден убедлив пораз од Алба Бај во Скопје ги завршија настапите во 1/16-финалето на Купот на ЦЕВ.
Македонскиот претставник загуби со максимални 0-3 во сетови (14-25, 11-25, 11-25) и не можеше да даде посилен отпор ниту на реваншот.
Во првиот натпревар Романките исто така беа убедливи и победија со 3-0 во сетови.
Багалковска со шест и Милевска и Ѓурѓевиќ со по четири поени беа најдобрите одбојкарки во тимот на Работнички.