Ѕвезда силно светна над Монако во Евролигата

Кошаркарите на Црвена ѕвезда направија големо изненадување со победата на гости против Монако од 90-98 во деветтото коло на Евролигата.

Монако го започна натпреварот подобро и имаше контрола на резултатот во првата четвртина, водејќи и со осум поени предност. Но, Ѕвезда беше исклучително добра вечерва и најде одлични напаѓачки решенија, па четвртината заврши нерешено, 26-26.

Во втората четвртина, Монако повторно поведе со осум поени, но српскиот тим успеа да ја задржи близината и на полувреме замина со негатива од шест поени, 54-48.

Клучниот момент за Ѕвезда дојде во средината на третата четвртина, кога со тројка на Филип Петрушев го презеде водството со 62-63. Натпреварот беше многу изедначен, а во последната четвртина тимовите влегоа со резултат 74-74.

Во последната четвртина, Црвена ѕвезда играше одлично и на средината од овој период обезбеди предност од осум поени (78-86), што се покажа како клучно за сензационалната победа.

Филип Петрушев со 25 поени беше најдобар стрелец во победничкиот тим, додека Коди Милер-Макинтаер постигна 20 поени. За Монако, Ели Окобо и Мајк Џејмс постигнаа по 20 поени.

Фенербахче го победи Баерн Минхен со 87-76. Најџел Хејес во 25 поени го предводеше Фенербахче до триумфот.

- Оглас -

Најнови вести