Аморим „наредил“ Манчестер јунајтед да го купи Хари Кејн, ама и ПСЖ го има истиот план

Манчестер јунајтед и Пари Сен Жермен се подготвени да платат по 130 милиони евра за да го ангажираат Хари Кејн од Баерн Минхен. Новиот менаџер Рубен Аморим наводно ја „наредил“ оваа трансакција на „Олд Трафорд“.


Манчестер јунајтед се соочува со тешкотии оваа сезона, што доведе до отпуштање на Ерик тен Хаг.

Аморим ќе се обиде да го искачи Манчестер јунајтед многу погоре од сегашното 14-то место на табелата и затоа планира голем трансфер за да го доведе капитенот на Англија, Хари Кејн, тврди шпанскиот „Ел Насионал“.

Од друга страна, ПСЖ и Луис Енрике „жалат“ што не ангажирале голгетер како замена за Килијан Мбапе и планираат да го поправат со трансферот на Кејн.

Манчестер јунајтед е подготвен да го собори својот клупски трансфер-рекорд. Ако Кејн премине во Јунајтед, сумата од 108 милиони фунти (130 милиони евра) ќе стане најголемиот трансфер во историјата на клубот, надминувајќи го трансферот на Пол Погба од 89 милиони фунти во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести