Пол Погба од март во дресот на Галатасарај?

Пол Погба ќе се врати на фудбалските терени во март 2025 година, по завршувањето на суспензијата поради допинг, а враќањето по сѐ изгледа дека ќе го дочека во дресот на турскиот гигант Галатасарај.

Погба мина низ исклучително тежок период откако беше позитивен на допинг-тест. Првично беше суспендиран на четири години, но по поднесена жалба, казната му беше намалена на 18 месеци. Тоа значи дека 31-годишниот француски фудбалер ќе може да се врати на теренот во март 2025 година, а се чини дека Галатасарај би можело да биде неговиот нов клуб.

Јувентус нема намера да го задржи Погба во своите редови и се очекува негово заминување од клубот уште во јануари. Погба е поврзуван со клубови од САД и од Саудиска Арабија, но изгледа дека е можно и негово останување во европскиот фудбал.

Турските медиуми известуваат дека агентот на Погба бил забележан во друштво со челниците на Галатасарај. Се преговара за неговото доаѓање во клубот и наскоро ќе се знае каква ќе биде конечната одлука.

- Оглас -

Најнови вести