Ненад Димитријевиќ и Милано по продолжението паднаа во Берлин

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и Армани Милано доживеаја пораз од Алба на гостински терен во Берлин по продолжение. Во регуларниот дел натпреварот заврши 92-92, но во дополнителните пет минути Алба успеа да слави со 105-101.


Италијанскиот тим имаше предност од 13 поени во третиот период, но на крајот беше поразен.


Ненад Димитријевиќ одигра 31 минута и постигна 14 поени за својот тим.

Олимпијакос дури во финишот успеа да стигне до триумф од 94-92 против Асвел. Францускиот тим имаше предност од 14 поени во третиот период, но Олимпијакос направи голем пресврт во последната четвртина.


Панатинаикос триумфираше против Макаби Тел Авив со 93-87. Макаби имаше водство од 11 поени во четвртиот период, но Панатинаикос направи неверојатен пресврт и обезбеди триумф.

Анадолу Ефес триумфираше на гостински терен против Басконија со 84-89.

Реал Мадрид на домашен терен го победи тимот на Виртус Болоња со 98-86.

- Оглас -

Најнови вести