Додека ја добиваше најголемата награда во кариерата, на Борха Мајорал му изгоре куќата

Шпанскиот напаѓач и член на Хетафе, 27-годишниот Борха Мајорал, ја доби наградата „Трофеј Сара“, која му се доделува на најдобриот шпански стрелец во Ла Лига.

Играјќи за клубот од предградието на Мадрид, Мајорал минатата сезона постигна 15 гола и така беше пред сите домашни играчи.

Повеќе голови од него во првенството постигнаа Артем Довбик, Александар Сорлот, Џуд Белингам, Роберт Левандовски, Анте Будимир, Антоан Гризман и Јусеф Ен-Несири, но сите тие се странски играчи, па така „Трофејот Сара“ му припадна на поранешниот играч на Реал Мадрид, Волфсбург и на Рома.

Додека го добиваше најголемото индивидуално признание во својата кариера, во куќата на Мајорал во Мадрид избувнал пожар. Пожарникарите брзо го изгаснале и го спречиле да се прошири, но целиот прв кат од куќата на фудбалерот изгорел.

„Како што можевте да слушнете во медиумите, ме снајде проблем. За среќа, моето семејство и јас сме добро. Освен што се исплашивме, нема поголеми последици за мојата девојка и децата. Им благодарам на сите кои изразија загриженост“, објави Мајорал на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести