Главна тема во шпанските медиуми сè уште е финансиската состојба во Барселона. Додека едни тврдат дека ситуацијата е стабилна, други пренесуваат дека Каталонците мора итно да најдат пари за да ја продолжат регистрацијата на Дани Олмо.
Раководството на клубот го регистрираше Дани Олмо како замена за повредениот Кристијансен, но тоа важи само до Нова година, а потоа ќе мора да прават нова регистрација. За тоа потребни им се околу 50 милиони евра, кои во моментов ги немаат, па спас гледаат во продолжувањето на договорот со производителот на спортска опрема „Најки“, кој треба да им плати бонус од 100 милиони евра, а потоа и по 125 милиони евра годишно до 2038 година.