Кристијано Роналдо присуствуваше на манифестација организирана од Фудбалскиот сојуз на Португалија, на која доби признание за рекордните 216 натпревари и 133 гола во дресот на националната селекција.
„Смешно ми е. Кога дојдов во репрезентацијата на 18 години, сонував да дебитирам. Потоа размислував за 25, па за 50 настапи. Потоа си помислив: зошто да не дојдам и до 100 настапи, тоа е округла бројка, троцифрена. Подоцна целта ми беше 150, па 200. Одлично е чувството. По настапите за толку клубови и освојувањето толку трофеи, Лигата на шампионите, Златната топка, наградите на ФИФА, нема ништо подобро од играњето за својата земја. Ја претставуваш целата култура, своите деца, мајката, таткото, најдобрите пријатели“, рече Кристијано Роналдо.
Португалецот зборуваше и за целта да дојде до бројката од 1.000 голови, што го прави прв фудбалер кој дошол до такво постигнување, но и сегашните 908 гола се рекордни.
„Да бидам искрен, тоа е моја вина. Реков дека сакам да постигнам 1.000 гола и сега излегува дека тоа ми е целта. Целта ми е да го живеам моментот и да видам како нозете ќе ми реагираат. Ако дојдам до 1.000 гола, одлично. Ако не, секако никој нема постигнато повеќе голови од мене“, додава Роналдо.