Новата сезона во НБА-лигата започна со испишување на историски момент, кога првпат се случи татко и син заедно да бидат на терен. Тоа го направија легендарниот Леброн Џејмс и неговиот син Брони, кој има 20 години.
Младиот Брони беше избран како 55 пик на драфтот, што само беше доказ дека нема некој голем талент за да биде наследник на неговиот прославен татко. Само по неколку меча поминати во дресот на Лос Анџелес лејекрс, Брони беше прекомандуван во Г-лигата во тимот на Саут Беј лејкерс.
Брони доби посебни привилегии во тимот на Саут Беј откако доби дозвола да не мора да патува на гостувањата и ќе игра на натпреварите само на домашен терен. Додека беше дел од универзитетот Јужна Калифорнија, Брони имаше просек само од 4,8 поени по меч со прецизен шут од поле само од 36,6 отсто, а за тројка погодува со прецизност од 26,7 отсто. Имаше просек и од 2,8 скока и 2,1 асистенции за 19 минути во просек поминати на терен.
И покрај овие слаби бројки, Брони во Лејкерс доби договор од четири години вреден 7,9 милиони долари. Ретко кој дебитант во НБА-лигата добива четиригодишен договор, како што имаше среќа да добие Брони.
“Lakers only letting Bronny play home G League games, citing concerns about him traveling alone without LeBron and missing curfew.”
(Via @WindhostESPN) pic.twitter.com/ZX4JuObbpj
— NBACentel (@TheNBACentel) November 13, 2024
Во НБА-кариерата, Брони имаше просек од 2,7 минути на терен во кои имаше 0,7 поени, 0,2 скока и 0,3 асистенции. Погоди само еден од шесте шута што ги упати за два поена, а ги промаши сите четири шутеви за тројка. Процентот од игра му е само 16,7 отсто.