Боксерскиот свет повторно е во центарот на вниманието со необичен и контроверзен меч меѓу легендарниот Мајк Тајсон (58) и повеќе од три децении помладиот jутјубер, Џејк Пол. Оваа борба, која се смета за егзибициска, веќе ја запиша најголемата возрасна разлика меѓу два противника во историјата на боксот.
Тајсон, кој последен пат влезе во рингот пред дваесетина години, го заврши својот професионален пат со рекорд од 50 победи и 6 порази. Иако мечот со Џејк Пол нема да биде официјално регистриран во неговиот рекорд, бокс-комисијата на Тексас го класифицира како професионален.
Овој неверојатен меч ќе можете да го проследите во 5 часот наутро по македонско време, а секако има подготвено и квоти за обложување во Sport Life.
Тајсон, кој заработува околу 20 милиони долари од овој меч, вели дека сериозно тренирал и ги променил своите навики за подготовките.
Џејк Пол е 27-годишен популарен јутјубер со огромен број следбеници. Тој од 2018 година активно се занимава со бокс, главно во егзибициски мечеви. Неговата кариера е исполнета со победи против просечни противници, но и со огромни заработки – повеќе од 40 милиони долари од само три меча.
Пол изрази самодоверба, велејќи дека ќе го нокаутира Тајсон, иако мечот ќе биде ограничен на осум рунди од по две минути со дополнителни заштити за боксерите.
Овој спектакл е очекуван со огромен интерес, и покрај критиките на традиционалниот боксерски свет.
Настанот ќе биде придружуван со неколку други борби:
Кети Тејлор против Аманда Серано – Реванш меѓу ирската светска шампионка и боксерката од тимот на Џејк Пол
Марио Бариос против Абел Рамос – Бариос ќе го брани WBC појасот во велтер категоријата.
Нирај Гојат против Виндерсон Нуњес – Историски момент за Гојат, првиот Индијанец на WBC листата.
Шадашија Грин против Мелинда Ватпул – Грин, поранешна кошаркарка, се враќа во рингот по неуспехот за титулата минатата година.