Дешан: Мбапе има психолошки проблеми, подобро е да не е со нас

Франција синоќа избори пласман во четвртфиналето на Лигата на нации, иако не успеа да го воодушеви домашниот аудиториум со ремито без голови против Израел во Париз. Со ова, Tриколорите на едно коло пред крајот имаат 10 бодови и се наоѓаат на второто место во групата. Италија е водечка со 13 бодови, Белгија е трета со 4, додека Израел го освои својот прв бод.

За да завршат како првопласирани, Французите ќе мора в недела во Милано да ја победат Италија со најмалку два гола разлика.

Селекторот Дидие Дешан не беше задоволен од прикажаната игра на неговиот тим.

„Не можам да бидам задоволен од она што го постигнавме. Требаше да победиме, имаме капацитет да напредуваме. Можевме да направиме повеќе против противник кој беше многу компактен и кој трошеше многу време. Имавме шанси за триумф, но не бевме доволно ефикасни. Во второто полувреме имаше повеќе енергија, но сепак не го остваривме посакуваниот резултат,“ изјави Дешан.

Меѓутоа, главна тема во француските медиуми остана отсуството на капитенот Килијан Мбапе, кој не беше повикан за овој циклус.

„Факт е дека тој се наоѓа во тешка ситуација, поминува низ период кој не е најсреќен во неговата кариера. Сакаше да биде со нас, но сметав дека е подобро за него да не биде тука во овој момент. Секој може да мине низ тежок период, има и физички и психолошки аспекти,“ додаде Дешан.

- Оглас -

Најнови вести