Репрезентацијата на Србија успеа да остане непоразена на гостувањето кај Швајцарија и да одигра 1-1, со што го задржа статусот во „лигата А“ на Лигата на нации, а противникот го испрати во понизок ранг како можен ривал на Македонија.
Мечот во Швајцарија имаше возбудливо второ полувреме, откако Митровиќ најпрво не реализираше пенал во 55-тата минута, а Амдоуни во 79-тата минута донесе предност за домашните.
Сепак, Терзиќ во 88-мата минута не дозволи пораз за момците на Драган Стојковиќ – Пикси и израмни на 1-1, што на крајот беше и конечен резултат на овој натпревар. Беше тоа школски против напад на србите, кој Терзиќ знаеше како да го претвори во гол за голема радост.
Репрезентацијата на Португалија буквално ја растури Полска и ја совлада со убедливи 5-1. Кристијано Роналдо беше стрелец на два гола, додека по еднаш погодија и Леао, Фернандеш и Нето.
Шпанија рутински го одработи гостувањето кај Данска и победи со 1-2. Ојарзабал и Перес донесоа убедливи 0-2, а Исаксен во финишот само го постигна почесниот погодок за домашните.
Изненадувачки пораз доживеа Хрватска, која загуби со 1-0 на гостувањето кај Шкотска. Стрелец на единствениот гол беше Мекгин во 86-тата минута.