„Македонецот“ Шортс сам ја победи големата Барселона, Димитријевиќ и Милано победнички во Белград

Натурализираниот македонски репрезентативец, Ти Џеј Шортс, со Париз минаа како брз воз низ Каталонија и буквално ја растурија Барселона со 87-103 во Евролигата. Најефикасен на паркетот беше токму нашиот репрезентативец со 24 поени, кој воедно беше и најзаслужен за победата на Париз.

Победа забележа и Ненад Димитријевиќ, кој со Олимпија Милано го совлада Партизан во белградскиот пекол со 81-88. Нашиот кошаркар постигна три поени за девет ипол минути на паркетот.

На останатите натпревари од Евролигата, Фенербахче со 65-72 славеше на гостувањето кај Жалгирис, додека Панатинаикос со 77-82 победи на гости кај Виртус Болоња.

- Оглас -

Најнови вести