Хрватската фудбалска репрезентација во понеделник во Сплит ќе се соочи со Португалија во клучен натпревар за пласман меѓу најдобрите осум селекции во Лигата на нации. Добра вест за Хрватите е тоа што португалскиот селектор Роберто Мартинез им дозволи на четворица од своите најдобри играчи да ја напуштат репрезентацијата по обезбедувањето на првото место во групата.
Станува збор за Кристијано Роналдо (Ал-Наср), Педро Нето (Челзи), Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед) и Бернардо Силва (Манчестер сити), кои ќе се вратат во нивните клубови.
Нивното отсуство значително ќе ја ослабне португалската селекција, а Мартинез ги активирал повиците за Фабио Силва и за Жеовани Квенди.
Оваа ситуација дополнително ги зголемува шансите на Хрватска за успех во важниот дуел со Португалија.