Милевски: Сакаме победа и против Фарски Острови, важно е за мундијалскиот бараж

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (15 часот) го игра последниот натпревар од овој циклус во Лигата на нации. На Арената „Тодор Проески“ гостува селекцијата на Фарски Острови, единствената со која досега ремизиравме (1-1) на стартот, а потоа следи серија од четири последовни победи за нашиот национален тим, и тоа без примен гол.

Важно е да триумфираме, затоа што со победа ќе имаме 16 бода и ќе се наметнеме како една од привилегираните селекции кои ќе можат низ разигрување за мундијалски бараж да се надеваат на пласман на СП 2026.

Селекторот Благоја Милевски најавува дека репрезентативниот тим е подготвен и за последниот предизвик.

„Ова е последниот предизвик, утре нѐ очекува натпревар против Фарски Острови. Тие се единствената селекција со која ремизиравме на стартот и несомнено дека имаат квалитет. Тие се одлично тркачки подготвени, дефинитивно не се аутсајдери. Но, јас верувам во овие момци и знам дека ќе го дадат максимумот за да ја оствариме целта. Имаме проблеми повторно со повреди, Елиф Елмас нема да биде во комбинација, но ќе играат тие што се најподготвени“. изјави селекторот Благоја Милевски на денешната прес – конференција.

- Оглас -

Најнови вести