Трајковски: Желбата за триумф ни е посилна од заморот

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (15 часот) го игра последниот натпревар од Лигата на нации. Противник е селекцијата на Фарски Острови, со која и единствено ремизиравме (1-1) на почетокот на циклусот.

Алкександар Трајковски верува дека нашиот тим ќе продолжи со победничката низа, затоа што мотиви за триумф секогаш постојат кога се носи националниот дрес.

„Замор има, меѓутоа тоа нема да биде пресудно, сме играле и претходно натпревари на три дена. Желбата е голема, мотивите се огромни, посакуваме нов триумф и ќе сториме сѐ за да ја остварим целта. Нема да биде лесно, но верувам дека со правилен пристап ќе успееме да освоиме нови три бода и да го заокружиме овој убав циклус на вистински начин“, изјави Александар Трајковски.

- Оглас -

Најнови вести