Елмас нема да игра, сите други се максимално мотивирани да завршиме со победа (Фотогалерија)

Фудбалската репрезентација на Македонија утре од 15 часот во Скопје против Фарски острови има цел да победи, и да си ги подобри шансите за пласман во бараж за Светското првенство 2026 преку Лигата на нации.

Првото место во групата и преселбата во повисок ранг се обезбедени, Македонија во наредниот циклус ќе игра во поквалитетната Лига Бм каде засега освен нашата селекција, сигурна е само Швајцарија.

Избраниците на Благоја Милевски тренираат на Националната арена „Тодор Проески“, а во тимот го нема само Елиф Елмас кој се повреди против Летонија, нема да игра утре, и победата против Фарски острови ќе треба да се брка без Дијамантот.

- Оглас -

Најнови вести