Хавиер Агире беше целиот во крв, а се однесуваше како ништо да не било (Видео)

По завршувањето на мечот Хондурас – Мексико од четвртфиналето на плејофот во Лигата на нации во КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка), иако нивната селекција победи со 2-0, домашните фанови фрлија огромен број на предмети на терен, а една лименка со пиво го погоди во глава мексиканскиот селектор Хавиер Агире.

Интересно е дека некогашниот тренер на Атлетико Мадрид, иако беше облеан во крв, се однесуваше како ништо да не било, се ракуваше со сите од Хондурас, им честиташе на победата и замина кон соблекувална.

„Безбедноста на тимовите и навивачите е приоритет за КОНКАКАФ. Овие типови на насилни однесувања немаат место во фудбалот“, објавија од КОНКАКАФ, додавајќи дека инцидентот ќе биде разгледан од дисциплинска комисија, по што ќе се знае какви санкции ќе има за фудбалската федерација на Хондурас како организатор на мечот на кој се случи инцидентот.

- Оглас -

Најнови вести