Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, посака утре од 15 часот кога почнува средбата со Фарски острови, на трибините на арената „Тодор Проески“ да има многу повеќе публика отколку во четвртокот вечерта кога Македонија играше со Летонија.
„Максимално сме мотивирани, сакаме оваа рекордна победничка серија да продолжи, ќе биде одлично ако овој циклус го завршиме со победа на домашен терен. Само треба да бидеме паметни, трпеливи, знаеме дека Фарски острови ќе се бранат цело време. Мечот со Летонија ни покажа дека нема лесни противници, не може никој да се потцени, тоа ни беше лекција. После сите овие победи и психички сме постабилни, сега нè интересираат само три бодови и ништо друго. Ни фалат многу навивачите, со Летонија ќе имаше повеќе публика, но беше ладно и работен ден. Очекувам многу повеќе поддршка утре, тие се наш 12-ти играч дај боже да се наполни стадионот и заедно да прославиме уште една победа“, изјави Барди.