Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година точно на пладне ќе игра против врсниците од Косово, во пријателски меч на стадионот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Овие две селекции играа пред три дена, а гостите од Косово победија со 3:1. На тој меч Македонија прва даде гол, но потоа гостите беа тие кои доминираа и на крајот стигнаа до победа. Македонија претрпе четири порази во последните шест меча што ги одигра, па едноставно потребна е победа за да се врати самодовербата на овие млади фудбалери.
Според коефициентите во Sport Life, Македонија ја има улогата на фаворит, но сепак тоа треба да се потврди на теренот.