Италија ја пречекува Франција во дербито на последното коло во А сегментот од Лигата на нации. Аѕурите се лидери на табелата со три бода повеќе од големиот ривал и ќе игра на свој терен.
Селекторот на Италија, Лучано Спалети вели дека неговите играчи мора да бидат претпазливи.
„Мислам дека единствениот натпревар каде што навистина потфрливме беше против Швајцарија. Тој го користиме како почетна точка. Се чувствувам одговорен за тој неуспех бидејќи пробавме нешто поинаку. Никој не може да ме натера да го заборавам тој пораз и дека поради тоа не успеавме да се пласираме на Светското првенство. Мораме да ги паметиме неуспесите за да знаеме дека ако не пристапиме како што треба, секогаш може да добиеме шлаканица“, вели Спалети.