Борбата за живот на легендарниот унгарски фудбалер ја засени убедливата победа на Холандија

Холандија убедливо со 4:0 ја победи Унгарија во меч кој остана во сенка поради немилионт настан кој се случи на почетокот од средбата. Се играше 7 минута кога на клупата на унгарската репрезентација сите скокнаа од своите места и побрзаа да дадат помош на легендарниот голгетер Адам Салаи, кој неодамна замина во фудбалска пензија.

Салаи пред нешто повеќе од една година стави крај на кариерата и веднаш продолжи како дел од стручниот штаб на националниот тим. На Салаи му се слошило, па мораше да реагираат и лекарските екипи. Неофицијално, се работи или за срцев удар или за епилептичен напад. Десетина минути траеше помошта за Салаи, кој потоа во свесна состојба бил пренесен во една болница во Амстердам и според првичните информации, е подобро.

По тој немил настан, мечот продолжи, а на теренот доминираше Холандија. лалињата во првото полувреме постигнаа два гола и двата од пенал, а потоа во вториот дел погодија уште два пати за убедлив триумф од 4:0.

 

 

- Оглас -

Најнови вести