Унгарската фудбалска легенда Адам Салаи се чувствува добро по синоќешната драма и борба за живот што ја имаше на стадионот „Јохан Кројф“ во Амстердам. Салаи кој пред една и пол година ја заврши играчката кариера, сега е дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Унгарија, а синоќа му се слоши и колабираше покрај теренот.
Веднаш реагираа лекарските екипи кои започнаа со давање на прва помош и успеаа да го вратат во живот. Потоа, Салаи беше префрлен во болница на понатамошни испитувања.
Jogo paralisado entre Netherlands e Hungary. Alguém da comissão técnica está recebendo primeiros socorros. pic.twitter.com/t8rL9ui5q4
— Romena Fogliati (@RomenaFogliati) November 16, 2024
Подоцна, самиот Салаи се огласи преку социјалните мрежи. „Благодарам на сите за бројните пораки. Добро сум“, порача Салаи, чија играчка кариера траеше од 2006 до 2023 година.
Унгарслкиот голгетер има играно за Штутгарт, Реал Мадрид Кастилја, Мајнц, Шалке, Хофенхајм, Хановер и Базел, кој му беше последен клуб. Во националниот дрес на Унгарија одигра 86 меча, а постигна 26 голови.