Џонс со нокаут го испрати Миочиќ во пензија и докажа дека е најдобар ММА борец (Видео)

Џон Џонс го победи Стипе Миочиќ во главната борба на вечерта во УФЦ 309 шоуто кое се одржа во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк. Американецот Џонс кој има 37 години со оваа победа ја одбрани титулата во тешка категорија, а Миочиќ кој е пет години постар, реши дека е време за пензија.

Џонс доминираше од почетокот на борбата, но Миочиќ во првите две рунди успеваше да ги издржи налетите на противникот. Сепак, на 35 секунди до крајот од третата рунда, следуваше фаталниот напад на Џонс. Најпрво со удар со нога во ребрата на противникот го прати Миочиќ на подот, а потоа следуваа серија на силни удари, па судијата Херб Дин мораше да означи крај на борбата.

По нокаутот, Џонс ја прослави 28-та победа и тоа танцувајќи во стилот на Доналд Трамп кој од првите редови ја следеше оваа борба. Миочиќ стави крај на кариерата со 20 победи и пет порази.

 

- Оглас -

Најнови вести