Македонија е прва, но победата ќе има голем значење, затоа во напад и против Ф. Oстрови (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација нареди четири победи и тоа без ниту еден примен гол, па оптимизмот пред дуелот со Фарски острови е на најголемо ниво. Нашата репрезентација е сигурно прва во групата, но императив е да се освојат бодови и денеска, затоа што тие може да имаат клучно значење во понатамошната борба за влез во баражот за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Токму затоа, селекторот Благоја Милевски и денеска ќе тргне офанзивно, во напад со цел да се постигне гол. Се очекува да нема големи измени во составот во однос на тој со кој ја победивме Летонија, со тоа што секако ќе го нема повредениот Елиф Елмас.

Фарски острови помалку изненадувачки ја победија Ерменија во Ереван, па и гостите се со самодоверба пред денешниот натпревар. Во првото коло од оваа фаза во Лигата на нации, Фарски острови на свој терен успеа да ја задржи Македонија да не победи, а дуелот заврши 1:1.

- Оглас -

Најнови вести