Бостон селтикс беше апсолутен фаворит за победа над Торонто, но актуелниот НБА првак се намачи и дури по продолжение од пет минути стигна до победа од 126:123. Херој на Бостон беше Џејсон Тејтум кој ја постигна победничката тројка и тоа со звукот на сезоната во продолжението.
Беше нерешено 123:123, топката беше кај Тејтум кој беше изолиран со Абаџи како единствен ривал кој го чуваше. Судијата беше во непосредна близина, но не успеа да забележи дека Тејтум пред да започне да ја тапка топката, направи неколку мали чекори, кои во светската кошарка без никаков проблем се судат како прекршување на правилата на играта.
Овојпат судијата не ги забележа неколкуте ситни чекори, а потоа Тејтум погоди тројка за победа.
If I were a Raptors fan, I’d be pretty pissed right now as Tatum got away with some fancy footwork on his game winner 🤦♀️ pic.twitter.com/HVEdGlX8G3
— BBALLBREAKDOWN (@bballbreakdown) November 17, 2024