Фудбалерите на Леванте на натпреварот со Елче од втората шпанска лига, на терен излегоа во необични дресови кои беа „извалкани“ од кал и друга нечистотија.
Станува збор за вештачки дамки, а Леванте ова го направи како знак на благодарност до сите кои помагаа после поплавите во Шпанија кои однесоа над 200 човечки животи.
Леванте на ваков оригинален начин им оддаде почит на сите оние волонтери кои помагаа при чистењето улици и куќи, организираа вреќи со храна, облека, носеа кутии со предмети, координираат магацини, возат комбиња…
Овие дресови со потписи од играчите се понудени на аукција во хуманитарни цели, а приходите ќе бидат наменети за фондот за помош на поплавените. Почетната цена ќе биде 100 евра.