Димитров и Циципас не играа на завршниот турнир во Торино, а заработија по 150.000 долари

Григор Димитров и Стефанос Циципас заработија по 155.000 долари без да играат на завршниот мастерс турнир на осумте најдобри во Торино.

Најдобриот бугарски односно грчки тенисер, во Торино беа присутни како резерви, и не добија шанса за настап, иако Карлос Алкараз имаше здравствени проблеми кои на крајот се одразија на неговиот настап и го спречија да дојде до полуфиналето.

Вечерва се игра финалето на силниот турнир во кој ривали ќе бидат светскиот број 1 и домашен миленик Јаник Синер, и вицешампионот од САД опен, Тејлор Фриц.

- Оглас -

Најнови вести