Косоварите ја известија УЕФА за шовинистичко скандирање на Србите во Цирих (Видео)

„Војната“ помеѓу балканските медиуми во врска со Србија и Косово продолжува. После инцидентите во Приштина и Букурешт каде се навредуваа Србите, Романците и Албанците, и двете страни „се докажуваа“ дали Косово е Србија или не, и кој треба да биде казнет, сега редот дојде и српските фанови да „покажат што знаат“.

На дуелот помеѓу Швајцарија и Србија во Цирих, српските фанови скандирале „Убиј го Хрватот, за Албанецот да нема брат“. Медиуми на Косово објавија снимка на која се слуша навредливото скандирање и за ова ја известиле и УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести