Ни серија победи, ни сонце, ништо не ја привлекува публиката да ја гледа Македонија (Фото)

Ни на Исток, ни на Запад, на Север, ни Југ, нема многу публика на трибините на „Тодор Проески“ која ќе го гледа натпреварот помеѓу Македонија и Фарски острови.

Неработен ден, сончево време, серија победи без примен гол, сето тоа требаше да биде магнет за македонските репрезентативци да добијат поголема поддршка, но на трибините има само околу 3.000 гледачи, што е помалку од една десетина од капацитетот.

Скопјани одбраа прошетка на Водно, во парк, но не и да одат на стадион да ја поздрават селекцијата која реди победи и од 2026 година ќе игра во Лига Б од Лигата на нации.

- Оглас -

Најнови вести