Заслужено или не, шпанскиот мотоциклист Хорхе Мартин, е нов шампион во Мото ГП, титулата ја освои со само 10 бода повеќе од Франческо Бањаја.
На денешната трка во Барселона, победи Италијанецот Бањаја, кој стана првиот малер во историјата со 11 победи во една сезона, без да ја освои титулата. Проблем за Бањаја беа трките на кои не освојуваше поени.
Популарниот „Мартинатор“ денеска беше трети, и беше поконстантен, собираше поени на повеќе трки (победи само трипати наспроти 11-те победи на Бањаја) и тоа му ја донесе титулата која ја прослави на оригинален начин, со познатата сцена од филмот „Терминатор“ кога Терминаторот вели: „Аста ла виста бејби“.
🔥🔥🔥 @88jorgemartin HAS OFFICIALLY TURNED INTO THE #MART1NATOR 🦾 pic.twitter.com/B0jHlvuVMf
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 17, 2024