Македонската фудбалска репрезентација има предност од 1:0 против Фарски острови, благодарение на погодокот на Бојан Миовски во 62 минута. По асистенција на Јани Атанасов, голгетерот одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и ја затресе мрежата за голема радост на малубројната публика на арената „Тодор Проески“.
Македонија постојано напаѓа и во вториот дел, но малку фалеше гостите да погодат први. Фарски Острови имаше стоостотна шанса во 58 минута, но нивниот напаѓач ја промаши топката во ситуација кога требаше да реализира.
⚽️GOAL | 🇲🇰 North Macedonia 1-0 Faroe Islands 🇫🇴 | Bojan Miovski pic.twitter.com/AvM99JN8ul
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 17, 2024