Македонија со победа го заврши најуспешниот циклус во едно натпреварување (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација славеше над Фарски Острови минимално со 1:0 во меч од последното шесто коло во Лигата на нации, Ц сегментот. Бојан Миовски донесе радост на арената „Тодор Проески“ откако одлично се снајде во 62 минута и ја затресе мрежата на гостинскиот голман, по асистенцијата на Јани Атанасов.

Македонија во следниот циклус на Лигата на нации ќе игра во Б сегментот, откако како убедлив лидер заврши во оваа група. Македонија има 16 бодови, втора е Ерменија со 7, а потоа следуваат Фарски Острови со шест бодови и Летонија последна со само чтири бодови.

Со овој биланс од 16 бодови и гол разлика од 10 дадени и само еден примен гол, Македонија ја отвора шансата да бара место во баражот за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Доколку не успее нашата селекција преку квалификациите за Мундијалот 2026 година, останува оваа опција со бодовите од Лигата на нации да се надеваме да бидеме меѓунајдобрите четири селекции.

- Оглас -

Најнови вести