Шведската гол-машина Виктор Ѓокереш категорично изјави дека нема намера да го напушти Спортинг Лисабон во јануарскиот трансфер период. И покрај одличната форма оваа сезона и шпекулациите за негов можен трансфер, особено откако неговиот поранешен тренер Рубен Аморим ја презеде функцијата менаџер на Манчестер јунајтед, Швеѓанецот се чини е целосно посветен на португалскиот клуб.
„Сакам да ја завршам сезоната во Спортинг. Ми се допаѓа тука. Нов клуб? Ќе видиме кога ќе дојде време за тоа. Во моментот најважно ми е да играм. Има и други фактори“, изјави напаѓачот.
Во досегашниот дел од сезоната, Ѓокереш е исклучителен со 23 постигнати голови и четири асистенции на 18 натпревари, што го прави клучен играч за Спортинг Лисабон.