Кливленд е на 15-0, Денвер без Јокиќ даде само 90 поени, Харден втор тројкаш во историјата (Видео)

Кливленд кавалирс стана само четвртиот тим во историјата на НБА-лигата кој сезоната ја почнал со 15 победи по ред, а сите три тима на кои тоа претходно им појде од рака, на крајот на таа сезона играа во големото финале, Хјустон рокитс во 1993/1994 стана и првак.

Коњаниците и без својот прв стрелец Донован Мичел, кој одмораше, го совладаа Шарлот со 128-114. Следниот меч за Кливленд е тежок, гостување кај првакот Бостон селтикс, па ако го добијат и тој дуел, ќе го имаат вториот најдобар старт кој е виден во историјата на лигата.

ЛА клиперс ја победи Јута џез со 116-105 во меч кој мина во знакот на Џејмс Харден. Брадата стана втор тројкаш во историјата на НБА, надминувајчи го Реј Ален на вечната листа. Сега пред Харден е само недостижниот Стеф Кари, кој уште е активен.

Денвер нагетс без Никола Јокиќ, даде само 90 поени и загуби од Мемфис со 15 поени разлика. За разлика од нив, добро помина Далас кој со 121-119 славеше во Оклахома сити, и тоа без повредениот Лука Дончиќ во составот.

Освен Харден, јунак на вечерта е и Џулиус Рендл кој погоди тројка за победа на Минесота против Феникс од 120-117.

Погледнете ја тројката:

- Оглас -

Најнови вести