Македонија ќе има скок на новата листа на ФИФА

Победите во Лигата на нациите, без разлика што се против ривали послаборангирани од Македонија, ни носат напредок на ранг-листата на ФИФА.

Според пресметките, Македонија на новата листа, која ќе излезе откако ќе завршат сите мечеви во овој ноемвриски циклус, ќе има скок за најмалку две места. Македонија ќе ги прескокне европските Грузија и Финска, а може да биде и пред некоја друга селекција од останатите континенти.

За баражот за Светско првенство, во моментов Македонија е деветторангирана, а може да падне и на 11-тото место. Таму одат четирите земји кои нема да успеат да бидат први или втори во своите квалифиакциски групи, така што шансите се добри дури и ако Шведска и Романија избијат пред нас и бидеме 11-ти на листата.

- Оглас -

Најнови вести