Србија мора да победи, Данците би биле среќни и со бод во Лесковац

6749 Хрватска – Португалија (20.45 часот)

Португалците го обезбедија првото место во групата, па во Сплит дојдоа без неколку свои ѕвезди, меѓу кои и Кристијано Роналдо. На Хрватите им треба бод за да го запечатат второто место и учеството во плејофот. Кога овие селекции се сретнаа во септември во Лисабон, Португалија победи со 2-1, стрелец беше и Роналдо, а сите три гола паднаа во првото полувреме. Хрватите две и пол години немаат пораз дома, но никогаш не ја победиле Португалија во официјален натпревар.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.40)

 

6747 Шпанија – Швајцарија (20.45 часот)

Ова е меч без големо резултатско значење. Шпанија е сигурно прва во групата и ќе оди во плејофот, а Швајцарија е последна и ќе испадне во Лига Б. Европските прваци на гостувањето во Швајцарија победија со 4-1 и тоа е доволен доказ каква е разликата во квалитет и покажува кој е фаворит. Иако играат во комбиниран состав, без некои од најголемите ѕвезди, Шпанците имаат голем број добри играчи и важат за фаворити. Швајцарија има серија од шест меча по ред без победа.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.87)

 

6750 Србија – Данска (20.45 часот)

Данска има два бода повеќе од Србија, па на Данците и бод им врши работа за да одат во плејофот, додека нашите соседи мора да победат ако сакаат да бидат втори во групата и да разигруваат во плејофот во Лигата на нациите. Данска ја победи Србија со 2-0 во септември, тоа е и нејзина последна победа, има три меча едноподруго без триумф, па сега Србите во Лесковац ќе пробаат да се реваншираат. Традицијата е на страната на Данска. Србија на пет меѓусебни дуели со нив постигнала само еден гол.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)

 

6121 Косово – Литванија (20.45 часот)

Селекцијата на Косово е фаворит против Литванија, која има пет порази во пет кола. На Косоварите им треба бод за да обезбедат разигрување за евентуален влез во Лига Б. Литванците иако редовно губат во овој циклус и испаѓаат во Лига Д, четири од петте порази им беа минимални и на четири од петте меча даваа гол. Нашите соседи во октомври победија во Литванија со 2-1 .

Предлог тип: 1-1 (2.02)

 

6751 Романија – Кипар (20.45 часот)

Победата на Романија од 3-0 на гостувањето на Кипар пред еден месец покажува дека Романците се големи фаворити и вечерва дома против истиот противник. Романија ќе биде прва во групата и ќе напредува во Лига Б, ова им е прилика само да си ја подобрат гол-разликата и да фатат добра позиција за место во баражот за СП доколку не успеат да се пласираат на Мундијалот низ квалификациите.

Предлог тип: Т1 3+ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести