Кошаркарската репрезентација почнува со мини-подготовките за двобојот со Литванија

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија денеска од 13 часот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје ќе ги стартува подготовките за натпреварите кои следуваат во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Селекторот Александар Јончевски стави 16-мина кошаркари на конечната листа на кандидати за двете средби против селекцијата на Литванија, првиот на 21 ноември од 18 часот во Скопје, а вториот три дена подоцна, на гости во Клаипеда.

На списокот се и Ненад Димитријевиќ и Итан Хап. Димитријевиќ поради клупски обврски, за жал, нема да може да игра на првиот меч в четврток, но би можело да игра на оној во Литванија. Со Хап проблемот е што тој е повреден, ги пропушти последните неколку мечеви на Валенсија и лекарскиот тим ќе го даде последниот збор околу него и дали натурализираниот Македонец ќе може да помогне.

СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА НОЕМВРИСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2025

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Робев – Работнички

Стојан Ѓуроски – Работнички

Виктор Ефремовски – Работнички

Страхил Николов – ТФТ

Бобан Стајиќ – Пелистер

Кристијан Николов – Џеди Осман академи (Турција)

Адем Мекиќ – Бора (Косово)

Лејсон Зеќири – Башкими (Косово)

Итан Хап – Валенсија (Шпанија)

Ненад Димитријевиќ – Олимпија Милано (Италија)

- Оглас -

Најнови вести