Ние „плачеме“ и за новиот терен на Арената, а Баерн го менува тревникот само за пет дена!

Баерн Минхен вчера го привлече вниманието на јавноста кога веб-камерата на „Алијанц арената“ покажа дека теренот е целосно отстранет само на пет дена пред натпреварот против Аугсбург во Бундеслигата. Причината за ова беше комплетната замена на теренот поради оштетувањата предизвикани од неодамнешниот натпревар од НФЛ-лигата меѓу Каролина пантерс и Њујорк џајантс.

Замената на теренот започна веднаш по НФЛ-натпреварот, при што стариот тревник беше отстранет и транспортиран за секундарна употреба во младинскиот кампус на Баерн. Новиот терен е составен од хибридни тревни ролни, кои се поставуваат многу брзо благодарение на современата технологија.

Поставувањето на новиот терен започнува денес, а според планот, „Алијанц арената“ треба да биде комплетно подготвена до петок, ден пред натпреварот против Аугсбург.
Оваа технологија е значително понапредна во споредба со минатото, кога поставувањето нов терен можеше да потрае месеци поради потребата тревата да се вкорени.

Како и по првиот НФЛ-натпревар во Минхен пред две години, трошоците за замена на теренот проценети се на околу 200.000 евра.

Оваа брза замена на теренот е уште еден доказ за технолошките достигнувања во спортската инфраструктура и посветеноста на Баерн за одржување на врвни услови на стадионот.

Токму селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, укажа дека и новиот тревник на Арената „Тодор Проески“ е во многу лоша кондиција и дека надлежните ќе треба да сторат нешто по ова прашање.

Да потсетиме, во Македонија ова „чудо“ на Баерн од пет дена траеше речиси цела година, а набрзо по новото решение, сега тревникот повторно е во лоша состојба.

- Оглас -

Најнови вести